Министерот Едмонд Адеми и Министерката за романците во странство, Наталиа Елена Итотеро: Ќе се интензивира соработката во полето на дијаспората помеѓу Република Македонија и Романија
Денес во склоп на три дневната официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за романците во странство, Наталиа Елена Интотеро.
Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.
Министерката Интереро информираше дека на 18 март 2019 година, за времето на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја.
Се предложи иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората.
Министерот Адеми информираше за превземените активностите на Владата на Република Македонија околу дијаспората на нашата земја во светот, пред се во зачувувањето на идентитетот, јазикот, културата, традицијата и нивните можности за инвестирање во Македонија.
Во рамките на соработката меѓу двете земји во областа на дијаспората беше договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво меѓу двете земји.
Меѓу другото, за време на престојот во Букурешт, министерот Адеми оствари средби и со други асоцијации на Македоците и Албанците по потекло од Република Македонија, како и со Здружението на студенти од Република Македонија, кои студираат во оваа Руманија.