Едмонд Адеми: Делата на Стерјо Спасе значаен мост на соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија
Mинистерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска во Корча (Р. Албанија), присуствуваше на Научен симпозиум посветен на „Животот и литературното дело на Стерјо Спасе“, во организација на Универзитетот „Фан С. Ноли“ и Македонското друштво „Сонце“.
Свеченото отворање на научниот симпозиум беше направено од Ректорот на Универзитетот „Фан С. Ноли“, проф. д-р Али Јашари, додека свое поздравно излагање имаа Министерот Едмонд Адеми, Претседателот на Република Албанија, Илири Мета, и Претседателот на македонското друштво „Сонце“, Васил Стерјовски.
На научниот симпозиум, присутен беше и вршителот на работите во Амбасадата на Република Македонија во Тирана, Амбасадорот Данчо Марковски.
Министерот Едмонд Адеми, во својот поздравен говор ја истакна важноста на литературните дела на писателот Стерјо Спасе и се осврна на неговиот значаен придонес за подобра интеграција на македонското малцинство во албанското општество .
Министерот Адеми меѓу другото нагласи дека творештвото на Стерјо Спасе претставува и важен мост помеѓу Македонците и Албанците, и токму градењето на мостови на соработка, разбирање, развивање и интегрирање во Европската Унија се заеднички определби на двете држави, што уште во своето време ги поставил токму Стерјо Спасе.
Претседателот на Република Албанија , Илир Мета, ја истакна придобивката и значајноста на литературното творештво на Стерјо Спасе во Албанија, и ја потврди важноста на делата и животот на писателот во однос на пријателските односи помеѓу Република Албанија и Република Македонија.
Претседателот на македонското друштво Сонце, Васил Стерјовски, информираше за важноста и за огромниот придонес на овој значаен писател за македонското малцинство во Албанија , и ги поздрави напорите на двете влади за зачувување и зајакнување на добрите односи што токму Стерјо Спасе ги постави уште многу одамна.
На научниот симпозиум се одржа и работна сесија во која се истакнуваше важноста на литературното творештво на Стерјо Спасе, а на која учествува академци и професори од Република Македонија и Република Албанија, меѓу кој и самиот син на писателот Спасе, проф. д-р Илинден Спасе кој во име на покојниот писател Стерјо Спасе ја прими титулата „Витез на Редот на знамето“ од претседателот на Република Албанија, Илир Мета.