Министерот Чупи во градот Цирих се сретна со Македонската заедница претставена од повеќе кантони на Швајцарската Конфедерација

Министерот Чупи во градот Цирих оствари средба со Македонската заедница претставена од повеќе швајцарски кантони.

На оваа значајна средба се разговараше за прашањата со кои се соочува дијаспората на Република Северна Македонија, при што еден од проектите на кои се разговараше беше можноста за формирање паралелки за изучување на мајчиниот јазик, исто така министерот Чупи го обелодени и работниот проект „Центри на Дијаспора“.

Меѓу другото, претседателот на здружението изрази дека нашите сонародници се добро позиционирани во швајцарското општество и дека сме подготвени за соработка на различни полиња.

 

Macedonian