Министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи го потпиша Договорот за соработка во областа на дијаспората , со градоначалникот на Општина Василево г. Славе Андонов

Во просториите на општина Василево, во присуство на општински претставници, со градоначалникот на оваа општина г. Славе Андонов, министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи го потпиша Договорот за соработка во областа на дијаспората, со кој се дефинирани меѓусебните права и обврски на Владата на РСМ и општина Василево за спроведување на овој договор.
Потпишаниот договор е од големо значење бидејќи предвидува отворање на Центар за дијаспора во оваа општина, што ќе биде мост меѓу дијаспората и нашата заедничка татковина.


 

Macedonian