Никој не може да ја монополизира и манипулира дијаспората

31 јули 2018

Желбата на некои организации да го носат ореолот на една единствена која ги претставува сите во дијаспората, едноставно е невозможна и не може да биде тоа, во ситуација кога во дијаспората низ целиот свет има над 80 организации, коишто ги претставуваат интересите на граѓаните по потекло од Република Македонија. 

Живееме во 21 век, во демократско време, време на плурализам и различности, никој не може да ја монополизира вистината,  и никој не може да ја монополизира дијаспората.

Дијаспората како категорија на граѓани кои живеат и работат надвор од Република Македонија е комплексна и динамична! Не е така едноставна, како што некои организации сакаат да ја претставуваат.

Поистоветувањето на цела дијаспора со една или две организации е погрешна и невистинита.

Граѓаните на Република Македонија ќе одлучат за иднината и е неодговорно било кој да се противи на изразувањето на волјата на народот.

Macedonian