Министерот Едмонд Адеми и претседателот на претседателството на турците во странство, Абдулах Ерен, договорија потпишување на Меморандум за соработка во областа на дијаспората.

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска, оствари работна средба  со претседателот на претседателството на турците во странство , г-дин Абдулах Ерен

Во разговорите беа разменети мислења и заеднички предизвици со кои се соочуваат нашите земји во контект на дијаспората, и во таа насока министерот Адеми и претседателот Ерен се договорија  во наредниот период да се потпише Меморандум за соработка, со која би се размениле знаења и искуства и ќе се реализираат заеднички проекти во насока на зајкнување на нашите заеднички интереси во делот на дијаспората.

Macedonian

Едмонд Адеми: Делата на Стерјо Спасе значаен мост на соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија

Mинистерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска во Корча (Р. Албанија), присуствуваше на Научен симпозиум посветен на „Животот и литературното дело на Стерјо Спасе“, во организација на Универзитетот „Фан С. Ноли“ и Македонското друштво „Сонце“.

Macedonian

Министерот Едмонд Адеми и Министерката за романците во странство, Наталиа Елена Итотеро: Ќе се интензивира соработката во полето на дијаспората помеѓу Република Македонија и Романија

Денес во склоп на  три дневната  официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за романците во странство, Наталиа Елена Интотеро. 

Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.

Macedonian

Почнувајќи од оваа година, 8 декември , Св. Климент Охридски во Романија се прославува како Ден на Македонскиот Јазик


Во присуство на високи претставници на романските државни институции, сенатори, претаници, претставници на Друштвото на македоците во Романија и други поканети гости,  претставници на други национални малцинства, заедно со македонската делегација предводена од министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми се праслави „Денот на Македонскиот јазик во Романија“,  во просториите на Дипломатскиот клуб во Букурешт.

Macedonian

Pages