Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на Република Албанија, оствари средба со поранешниот Министер за надворешни работи, г. Ариан Старова

На работниот ручек со поранешниот министер во Министерство за надворешни работи на Република Албанија, поранешен пратеник и актуелен Претседател на Либерално-демократскиот сојуз г. Ариан Старова, се разменија мислења и искуства во областа на дипломатијата а во тој контекст беа споменати и проблематики со кои се соочува нашата дијаспора.

Macedonian

Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на Република Албанија, оствари средба со поранешниот министер за дијаспора, г. Пандели Мајко

Средбата со пратеникот и поранешен министер за дијаспора, г. Пандели Мајко беше од голема корист во однос на неговото искуство во областа на прашања од дијаспората, со цел обезбедување на најдобри и олеснувачки услуги за дијаспората.

Macedonian

Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, оствари средба со г-ѓа. Артемис Мало

Во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, остварена е средба со г-ѓа Артемис Мало. На средбата се разменија мислења за понатамошната соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и македонското национално малцинство. 
Министерот Чупи информира за динамиката на соработката со дијаспората и нејзината важност воопшто за нашата држава, како и тоа дека се очекува донесување на закон за дијаспора, а со тоа се очекува и интензивирање на билатерална соработка за имплементација на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу двете држави.

Macedonian

Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета се сретна со министерот за Информатичко општество и администрација, г. Адмирим Алити

Министерот д-р Џемаил Чупи оствари работна средба со министерот за Информатичко општество и администрација, г. Адмирим Алити. Целта на оваа средба беше за можностите што може да ги обезбеди ова министерство за центрите за дијаспора на локално ниво со цел да се олеснат услугите за нашите иселеници.

 

 

Macedonian

Pages