Министерот г. Џемаил Чупи со конкретни предлози до надлежните државни органи за олеснување на граничните премини за иселениците

Врз основа на претставките на нашата дијаспора, министерот д-р Џемаил Чупи, испрати конкретни предлози до надлежните државни органи за имплементација на олеснувачки методи во рамки на законските одредби, надлежностите и капацитети предвидени во Законот за гранична контрола и Законот за царина, со цел надминување на предизвиците со кои се соочува нашата дијаспора при посетата на татковината, особено за време на летните одмори, кога напливот на граничните премини е поголем.

Macedonian

Министерот г. Џемаил Чупи се сретна со федерален комесар за миграција, бегалци и интеграција на Сојузна Република Германија, г-ѓа Реем Алабали-Радован

Официјалната средба во Берлин, на министерот д-р Џемаил Чупи оствари со германската колешка г-ѓа Рим Алабали-Радован, државен министер во германската канцеларија и федерален комесар за миграција, бегалци и интеграција во Канцеларијата на г-дин Олаф Шолц, беше од големо значење.

Macedonian

Министерот г. Џемаил Чупи во официјална посета се сретна со претседателот на седиштето на Меѓународната организација за миграција за Германија, г. Жан-Филип Шаузи

Во седиштето на Меѓународната организација за миграција-ИОМ за Германија, министерот д-р Џемаил Чупи, оствари средба со раководителот на оваа организација,  г-дин Жан Филип Шози. 
Заедно разменија мислења и предлози за начинот на понатамошната соработка во делот на подршката на ИОМ во реализација на активности во областа на дијаспората. 

Macedonian

Министерот г. Џемаил Чупи во Берлин, Германија го посети Албанскиот исламски културен центар "Иса беу"

Во градот Берлин, министерот д-р Џемаил Чупи, оствари работна посета на Албанскиот исламски културен центар „Иса беу“. Во пресрет на светиот месец Рамазан, министерот д-р Џемаил Чупи, со задоволство ја прифати поканата на претседателот на културниот центар, г. Ремзи Џафери за заеднички ифтар во месецот на постот, со оглед дека она што не карактеризира како народ е дарежливоста. Воедно министерот беше запознаен со нивниот мултифункционален центар при што  разговара за проектите на иднината. 

Macedonian

Pages