Министерот г. Џемаил Чупи оствари средба со преставници на Социалистичка Партија на Албанија

Средбата со претставници на Социалистичка Партија на Албанија за прашања од дијаспората, пратеникот г. Лавдрим Краши и заменик министерката за внатрешни работи г.ѓа Ромина Куко, реализирана е во просториите на седиштето на СП во Тирана.
Министерот Чупи на средбата истакна дека унапредувањето на правата на дијаспората треба да биде наша заедничка заложба, за што владите на двете земји преземаат бројни мерки во овој правец. Исто така е важно веќе потпишаниот Меморандум за соработка во областа на дијаспората меѓу двете земји да биде што поскоро ратификуван од страна на парламентите во Република Албанија и Република Северна Македонија.

Macedonian

Министерот г. Џемаил Чупи се сретна со Комитетот за национални малцинства во Советот на министри на Република Албанија

На средбата со членовите на Комитетот за национални малцинства во Советот на министри на Република Албанија се разговараше за состојбите со националните малцинства во Р. Албанија со посебен акцент на положбата на македонското национално малцинство(МНМ).
Г.ѓа Бежани, претседателката на Комитетот информираше за работата и активностите на Комитетот и ги претстави неговите членови, кој брои девет национални малцинства, меѓу кои и Македонското национално малцинство (МНМ), претставено од г. Марјана Фелах (Костофски).

Macedonian

Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на здружението Дебарска заедница во Тирана, Албанија

На средбата со здружението „Дебарска заедница“ со седиште во Тирана, една од најстарите Дебарски заедници кои живеат во Тирана, кои во далечните 1912-1913 година како резултат на тогашниот агресор без нивна волја мигрирале од Дебар во Тирана.

Macedonian

Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на здружението Сонце во Корча, Албанија

Во просториите на Амбасадата на Република Северна Македонија во Тирана се одржа средба со г. Васил Стерјовски, поранешен пратеник и Претседател на друштвото ,,Сонце" од Корча.
Г. Стерјовски информираше за активностите на друштвото и детално ги претстави состојбите на Македонското национало малцинство и другите признаени малцинства кои живеат во Република Албанија.

Macedonian

Pages