Учесто на министерот Едмонд Адеми на вториот самит за дијаспора во Тирана. Адеми: Република Северна Македонија чекор напред кон зајакнување на соработката држава- диаспора

 

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, присуствува на вториот самит за дијаспора во Тирана. Самитот започна вчера на 28 февруари и ќе трае до 2 март.

Министерот Едмонд Адеми, денес  се обрати во панелот на тема: "Правото на глас! Нова државна политика за дијаспората ".

Адеми, во своето обраќање  истакна дека  новите политики треба да се стремат да ја вклучат дијаспората во креирањето на домашна политика.

"Со давање на дијаспората право на глас, таа станува поважна и по мотивирана за да придонесе за татковината. Правото на глас за дијаспората ја прави истата да не се чувствува како странец дома ".

Министерот понатаму истакна дека Владата на РСМ отиде чекор напред во зајакнувањето на соработката помеѓу дијаспората и државата.Истакнувајќи дека како Министер за дијаспора во соработка со други компетентни министерства и институции подготвија Национална  Стратегија за соработка со  дијаспората, која наскоро ќе биде и ратификувана.

"Стратегијата има за цел да обезбеди механизми за соработка меѓу државата и дијаспората. Продлабочување на културната соработка, младинските политики, градење на соработка во економската сфера и др.

 

,,Државната стратегија за соработка со дијаспората ќе подразбира потреба за вклучување на повеќе институции. Ќе се обидеме да обезбедиме јавна одговорност од надлежните министерства и другите институции, како и од организациите на дијаспората за напредок и исполнување на целите и активностите ", рече министерот Адеми.

 

Во рамките на активностите во Тирана, министерот Адеми ќе се состане и со дијаспората на Северна Македонија.

Денешните активности во Тирана ќе бидат заокружени со учество на министерот Едмонд Адеми на Гала-вечер, во Палатата на конгресите.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: