Министерот Адеми одликуван со титулата " Витез на редот на Скендербег"

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, го одликуваше министерот за на Северна Македонија за односи со дијаспората Едмонд Адем со титулата " Витез на редот на Скендербег". Титула со која се дава посебна почит кон вредниот придонес во работа и соработката со дијаспората.

Министерот Едмонд Адеми ја истакна важноста и задоволството од оваа одликување и ја потенцираше важноста на самитот за дијаспора преку комперација на истиот со  собранието Лежа од пред 575 години.

"И овој втор Самит е во некоја форма Собрание, ако пораката во тоа време беше политичко-воен сојуз за слобода, пораката на овој самит е сојуз со дијаспората со цел да се изградат мостови на соработка за економски, културен, социјален и политички развој Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово ",рече  меѓу другото  во своето обраќање министерот Адеми.

Министерот Адеми престојуваше три дена во Албанија, каде учествуваше на Самитот на дијаспората. Адеми на вториот ден се обрати во панелот на тема: "Правото на глас! Нова државна политика за дијаспората ".

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: