Швајцарските власти со пофални зборови за дијаспората од Република Северна Македонија

Во Берн, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се сретна со Заменик директорот за иселеништво и миграција, г. Михаел Хекендорн. На средбата присуствуваа и г. Кристијан Винтер, министер, регионален координатор за југоисточна Европа и г. Андреас Гериц, заменик директор за Западен балкан во Швајцарската агенција за развој и соработка.

 

Заменик директорот Хекендорн го запозна министерот Адеми со начинот на кој Швајцарија го реализира целиот процес на интеграција и притоа даде комплименти за македонската дијаспора, која е целосно интегрирана во швајцарскиот систем. Тој посочи дека во моментов има околу100.000 граѓани на Република Северна Македонија кои живеат и работат во Швајцарија, од кои околу 30.000 имаат добиено швајцарско државјанство.

 

Министерот Адеми истакна дека во март оваа година, Владата на Република Северна Македонија ја усвои првата Национална стратегија за соработка со дијаспората, со што се постави цврста основа за нови стандарди во соработката помеѓу Република Северна Македонија и нејзината дијаспора. Дополнително на тоа, министерот Адеми презентираше дел од активностите кои веќе се превземени, а кои произлегуваат од Националната стратегија за соработка со дијаспората.

 

Како резултат на оваа средба, од страна на претставниците на швајцарската страна беше посочено дека е планирана посета на Република Северна Македонија во втората половина на месец ноември, при што се очекува нова средба со министерот Адеми и можност за идентификување на поле за поинтензивна соработка на конкретни проекти и активности.

 

 

Macedonian