Министерот Џемаил Чупи во работна посета на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија

Средбата со поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Реисул улема Шаќир еф. Фетаху, земајќи во предвид големиот број на здруженија, заедници, сојузи итн. со културен и религиозен карактер кој делува во дијаспората, се смета за исклучително важна. На средбата се разговараше за многу прашања од значење за дијаспората.

Имајќи предвид дека Исламската верска заедница во Република Северна Македонија веќе има добра соработка со овие институции од дијаспората, тоа би го олеснило пристапот на кабинетот на дијаспората до реализација на проектите поврзани со нив. Од друга страна, Реисул Улемаја во име на својата институција изрази подготвеност и добра волја да биде учесник во реализацијата на проектите кои се прават за доброто на граѓаните на Северна Македонија кои живеат и работат во дијаспората. Слични средби се планирани и во наредните денови со Македонската православна црква на Република Северна Македонија.

Macedonian