Прва работна средба на Министерот без ресор – задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, ја оствари токму со поранешниот Министер за Дијаспора Едмонд Адеми

Првата средба на Министерот без ресор – задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи, ја оствари токму со поранешниот министер за дијаспора, сегашен советник на Премиерот за Надворешни Работи, г. Едмонд Адеми.

Средбата беше од големо значење бидејќи г. Адеми е познат како прв Министер – одговорен за дијаспората во Република Северна Македонија, но и иницијатор за изработка на Националната стратегија за дијаспората. Во разговорот министерот Чупи  истакна дека како министер ќе направам се што е можно во спроведувањето на акционите планови од стратегијата, од кои голем дел не се реализираа поради пандемијата што го зафати светот.

Дијаспората има клучна улога за Република Северна Македонија од повеќе аспекти, оттука и мојата позиција како Mинистер без ресор, остварувајќи соработки со сите релевантни ресори и институции, ќе овозможи да се зајакне врската со дијаспората во повеќе области: во промоција на нашата култура и идентитет во странство; во воспоставувањето и одржувањето блиски врски на дијаспората со матичната земја; финансиска помош од нашата држава за активностите на организациите кои работат во дијаспората и многу други активности, изајви министерот Чупи.

Министерот Чупи изјави дека со овие службени должности, но и со многу други проекти кои ќе ги откријам во наредните денови, имам за цел да го зајакнам лобито на нашата дијаспора но и да ја промовирам Државата со цел да се иницира меѓудржавни соработки.
 

Macedonian