Министерот г. Чупи се сретна со амбасадорот на Чешката Република, г. Јарослав Лудва

Дијаспората на Република Северна Македонија се наоѓа во бројни земји во светот. Министерот задолжен за дијаспора д-р. Џемаил Чупи оствари работна средба со Амбасадорот на пријателската земја на Република Чешка, г. Јарослав Лудва. На средбата покрај презентацијата на Националната стратегија за дијаспора, беше истакнато дека во Република Чешка живеат и работат голем број бизнисмени и студенти со потекло од Република Северна Македонија и на истата беше истакнато дека треба да се создадат механизми и предуслови за олеснување на процесот за проширување на нивната дејност во Република Северна Македонија, но и да се вложи труд за враќање на студентите во матичната земја во која тие ќе можат да го стават на располагање своето стекнато знаење.

Macedonian