Министерот г. Џемаил Чупи, во работна посета на Македонската Православна Црква во Република Северна Македонија

Министерот  задолжен за дијаспора, Д-р. Џемаил Чупи, оствари средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, неговото Блаженство г. г. Стефан. 

На средбата се разговараше за учеството на активностите на дијаспората во рамките на верските заедници, а посебно на оние бројни иселеници од прекуокеанските држави како што се Австралија, Сад и Канада, како и нивната нераскинлива вековна поврзаност со својата татковина. Дополнително  се разговараше за претстојното патување на Министерот задолжен за дијаспора во САД а како дел од агендата на таа посета се разгледуваше  можноста за средба со претставници на двете најголеми верски заедници од Република Северна Македонија во САД, односно православната и исламската, идеја која беше поздравена од поглаварот на Македонската Православна Црква. 

Министерот  Чупи  воедно  ја нагласи важноста за поголема можност за вклучување  на нашите иселеници во се што е од интерес за државата и дијаспората, со што би се отворил патот за продлабочени односи како помеѓу верските заедници, по пат на блиска соработка, исполнета со разбирање и взаемна почит, така и општо земено во сите сфери на живеење а во насока на формирање на идна обединета Дијаспора.

Macedonian