Министерот г. Џемаил Чупи и Директорот г. Беким Емини, во работна посета во САД, средба со Генералниот конзул на РСМ во Њујорк, г. Јордан Панев

Министерот задолжен за дијаспора, г. Џемаил Чупи, придружуван од директорот на Агенцијата за инвестиции, г. Беким Емини, во рамките на посетата на Соединетите Американски Држави, односно во државата Њујорк и Њу Џерси, се сретна со Генералниот Конзул на Република Северна Македонија во Њујорк, г. Јордан Панев и со Конзулот г. Никола Ѓорчев.

 На средбата се зборуваше за најефикасните конзуларни услуги за дијаспората, со акцент на поедноставување на процедурата за издавање биометриски пасоши преку базната станица лоцирана кај овој конзулат, каде веќе во рок од еден месец нашите граѓани кои живеат во САД може да се обезбедат со нови пасоши.
Се разговараше и за многу теми поврзани со различни проекти од дијаспората, при што конзуларните претставници изразија подготвеност и соработка.

Macedonian