Министерот г. Џемаил Чупи го посети исламското албанско здружение "Јакуп Асипи" во Берлин, Германија

Придружуван од амбасадорот на Република Северна Македонија во Германија, г. Рамадан Назифи, министерот д-р Џемаил Чупи го посети исламското албанско здружение „Јакуп Асипи“, во Берлин. Со присутните се разговараше за нивните понатамошни активности и планови, дел од нив кои ги имаат предвидено за во блиска иднина се однесуваат на проширување на инфраструктурата на објектот. 

Macedonian