Министерот г. Џемаил Чупи оствари работна средба со претставници на Демократската партија на Албанија

Средба со претставници на Демократската партија задолжени за соработка во областа на дијаспората, пратеникот г. Крешник Чолаку, заменик-претседател на Поткомитетот за дијаспора и член на Комисијата за надворешна политика, заедно со г-ѓа. Орјола Пампури, потпаролката на пратеничката група на Демократската партија.
На средбата посебно внимание се придаде на прашања од дијаспората, важноста за продлабочување на меѓуинституционалната координација меѓу земјите од Западен Балкан за пан-албанската дијаспора.
Г. Чолаку посвети внимание на важноста која треба да ја има дијаспората во надворешната политика, не само од човечката димензија, културната, туку и како стратешка моќ во земјите каде што се присутни во корист на матичните земји.
Министерот Чупи потсети дека е важно да се зајакне пан-албанската мрежа за дијаспора, за да се има конкретно препознавање на моменталната бројка на албанската дијаспора, нивото на здруженија кои се активни, но и стратешкото значење што го носат во земјите каде што се тие присутни.
Заеднички е договорено да оддржат, сеопфатни, меѓуинституционални тркалезни маси меѓу нашите земји од Западен Балкан со цел да се придвижиме кон конкретни иницијативи за пан-албанската дијаспора се со цел полесно интегрирање во ЕУ.

Macedonian