Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на Република Италија оствари средба со з. генерален директор на Директоратот за дијаспора и миграциски политики г-дин Роберто Мартини

Работната посета на Република Италија ја започна со средба која се одржа во просториите на Министерството за Надворешни работи на Република Италија во Рим, со з. генерален директор на Директоратoт за дијаспора и миграциски политики, г-дин Роберто Мартини.

На состанокот се истакна важноста од активно вклучување во разни области од општественото живеење на нашата дијаспора во Италија, која според податоците се покажува бројка која не е за занемарување, а изнесува повеќе од 63 илјади. Имено, во тој контекст министерот Чупи спомена за овозможување на олеснето добивање работни визи за нашите граѓани, каде од присудните е наидено на разбирање. Министерот Чупи дополнително истакна потребата од идно склучување на билатерален договор за социјално осигурување со Република Италија како резултат на нови околности и во духот на продлабочување на добрите односи помеѓу нашите две држави и за доброто на нашата дијаспора. Предлозите и сугестиите од ова средба беа добредојдени за подлабока соработка, со надеж за позитивни промени.

Macedonian