Министерот Чупи ги прими на работна средба г-ѓа. Лаура Лунгароти, суб-регионален координатор за Западен Балкан и г-ѓа. Соња Б. Петрушевска претставник за РСМ

Министерот Чупи беше домаќин на средбата со г-ѓа. Лаура Лунгароти, суб-регионален координатор за Западен Балкан и шеф на мисијата на ИОМ во Босна и Херцеговина и г-ѓа. Соња Божиновска Петрушевска, претставник на канцеларијата на ИОМ во РСМ.

Во текот на разговорот министерот Чупи ја истакна потребата од мапирање на дијаспората, односно научната дијаспора, биснис дијаспората и нашите организации и здруженија во дијаспората. Исто така ги извести за следниот проект ,,Центри за дијаспора“, и побара од нив да се вклучат во овој значаен проект. 

Г-ѓа. Лунгароти ги сподели бројните иницијативи за зацврстување на врските со дијаспората и ги сподели позитивните искуства од држави во Западен Балкан со надеж овие инициативи да се спроведат и во Северна Македонија. 

Г-ѓа. Божиновска Петрушевска од друга страна изрази желба за подлабока сооработка со Кабинетот за дијаспора со цел да се зацврстат капацитетите на институциите во ангажирање на дијаспората.

Како заклучок соговорниците се согласија да имат заеднички обуки во проектот “Центар за дијаспора во локално ниво”, а дополнително да се ангажира експерт од ИОМ со истакнато знаења и вештини за миграцијата.
 


 

Macedonian