Царинската управа одговара на барањето за отворање посебни ленти на граничните премини

Во мај годинава, Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, достави допис до Царинската управа со предлог да бидат олеснети дел од услугите за нашата дијаспора. Од управата е побарано воспоставување на посебни коридори на граничните премини за нашите иселеници, посебно за време на летните одмори кога реално постои зголемена потреба со цел да им се помогне и да го избегнат прекумерното чекање на истите. За жал, и покрај вложените напори на кабинетот, за сега не успеаа да добијат позитивен одговор и да издејствуват измени односно олеснети околности за дијаспората при влез во својата матична држава.
Сепак, кабинетот ќе продолжи со напорите за олеснување на услугите на дијаспора со надеж дека можеби во блиска иднина ќе се пронајде соодветно решение кое воедно не би се косело со законската рамка во поглед на еднаквата примена на влезот и излезот на граничните премини за сите лица.

Macedonian