Министерот Чупи на работна средба го прими амбасадорот на Република Косово, г. Флориан Ќехаја

Министерот Д-р. Џемаил Чупи на работна средба го прими амбасадорот на Република Косово, Д-р. Флориан Ќехаја. Одржа пријатена средба, каде разговара за пријателството на нашите две соседни земји и важноста и улогата на дијаспората на Република Северна Македонија и Република Косово, каде што во многу случаи здруженијата на нашата дијаспора имаат заедничко членство.
Министерот Чупи и амбасадорот Ќехаја се договорија за реализација на заеднички проекти на полето на дијаспората, со посебен акцент на создавањето на заедничката конференција на триаголникот Косово - Северна Македонија - Албанија, сето тоа во корист на дијаспорат.

Macedonian