Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Кисела Вода, г. Орце Ѓорѓиевски

Денес во просториите на Општина Кисела Вода, заедно со градоначалникот на оваа општина, г. Орце Ѓорѓиевски министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората.

Разговараа за концептот на Центарот за дијаспора, а на претседателот и на присутните, министерот им го објасни проектот, што тој предвидува и какви можности создава овој центар кој ќе служи за доброто на нашата дијаспора во иднина.

На овој настан присуствуваше и Директорот на Инспекторатот за локална самоуправа, г. Африм Ќоку.

Macedonian