Mинистерот задолжен за дијаспора го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со Општина Конче

Денес, во просторите на Општина Кончe, рурална општина со малку жители, но со големо срце, заедно со градоначалникот на оваа општина, г. Златко Ристов, министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората.
Со присутните разговараа за теми од интерес на дијаспората од оваа општина која главно живее во Словенија, Италија, Швајцарија итн., при што накратко се осврнаа на досегашната работа на наеговиот кабинет, вклучително и иницијативата Центар за дијаспора, која со потпишувањето на овој договор ќе биде на добар пат да ги реализира потребите на нашата дијаспора во областите кoи ним им се најзначајни.

Macedonian