Надворешниот советник на министерот, г. Сејди Демири оствари средба со претставници на активното друштво „Гора„ на Гораните во Република Косово

Во рамките на секојдневните активности, денес надворешниот советник на министерот, г. Сејди Демири оствари средба со претставници на активното друштво „Гора„ на Гораните во Република Косово.
На средбата се разменија мислења и предлози за продлабочување на идната соработка во делот на активностите на друштвото „Гора“, што ги има во текот на годината, особено во делот на издавање на нивното списание на македонски јазик “Гороцвет”, оддржувањето на фолклорен фестивал и турнир во мал фудбал, активности кои се наменети за припадниците на дијаспората во областа Гора во Република Косово, а со цел заштита и афирмација на нивниот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет, континуитет и наследство на Гораните во Косово.

Macedonian