Република Македонија припаѓа во НАТО и Европската Унија

27 април 2018
 
Вчера попладне, министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се сретна со Конгресменот Роберт Адерхолт, член на групата на конгресмени за поддршка на Република Македонија.
 
Министерот Адеми го запозна Конгресменот Адерхолт со неговата работа во областа на дијаспората, и работата на Владата на Република Македонија во целина во изминативе десетина месеци. Исто така, ја истакна посветеноста на Владата за продолжување на реформските процеси со цел влез на Република Македонија во НАТО и Европската Унија. Посветеноста на оваа Влада во реформските процеси е препознаена и од страна на Европската Комисија во последниот извештај, кој резултираше со доделување на чиста препорака за влез на Република Македонија во НАТО и Европската Унија.
 
Конгресменот Адерхолт изрази задоволство од силните заложби на Владата на Република Македонија за исполнување на реформската агенда и потврди дека местото на Република Македонија е во НАТО и Европската Унија. Двајцата соговорници констатираа дека Вашингтон треба да биде главен промотор на политиката на проширување на Алијансата со државите од Јадранската Повелба, како и целосно интегрирање на истите покрај во НАТО и нивно членство во Европската Унија.
 
Во таа насока, од наша страна е побарана експлицитна и силна поддршка за Република Македонија за добивање на покана за полноправно членство во НАТО на следниот Самит во Брисел, во рамките на воспоставеното стратешко партнерство помеѓу САД и Република Македонија.
 
Со средбите во Конгресот, министерот Адеми ја заокружи работната посета на САД.
 
Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: