Министерот Чупи учествуваше на регионалната конференција за борба против корупција.

На денешната регионална конференција за борба против корупција, организирана од страна на Владата на РСМ во соработка со Регионалната антикорупциска иницијатива и Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал, која се одржа во хотел Лимак во Скопје, министерот Чупи учествуваше во следењето на промовирањето на регионалните напори во борба против корупцијата во контекст на процесот на пристапување во ЕУ.
Целта на оваа конференција е зајакнување на соработката во регионот заради надминување на предизвиците во областа на антикорупцијата како и поддршка на јурисдикциите на Западен Балкан во напредокот за борба против корупција и незаконски финансии во контекст на Берлинскиот процес.

Macedonian