Достоинствен договор што го потврдува идентитетот и ја гарантира иднината
16 јуни, 2018 година
Почитувани сограѓани на Република Македонија во дијаспора.
Овие денови, сите ние, граѓаните на Република Македонија, тука, во државата, и во дијаспората, учествуваме и го испишуваме новото поглавје во нашата историја. Поглавје во кое со конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство го решаваме отвореното прашање меѓу Република Македонија и Република Грција, истовремено градиме пријателство и меѓусебна доверба меѓу двете земји и двата народи, кое никогаш не било поголемо.