Линк за дијаспора

Настава по македонски јазик во Малта ќе почнува

“Јазикот е нашата татковина”, затоа оваа учебна година ја започнуваме со првиот час по македонски јазик за деца Македонци од сите возрасти кои живеат и учат на Малта.
Нашата прва дружба е закажана за 22 октомври од 10.00 до 12.00 часот.
Часовите ќе се одржуваат секоја сабота од 10.00 до 12.00 часот, во просторија кај БНФ банка во Сент Пол.

Macedonian

За доброто на дијаспората, акционерскиот план предвидува создавање сектор кој ќе служи во рамките на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМВ

Според акцискиот план на Националната стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората, една од активностите предвидени за Министерството за труд и социјална политика, која веќе функционира е воспоставување на сектор во рамки на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, со јасно утврдени надлежности за постапување/решавање на предмети/барања согласно меѓународните договори за социјално осигурување, исплата на пензии и тн. и постапување по договорите за социјално осигурување на дијаспората.

Macedonian

Иницирање постапка за ратификација на билатерален договор за социјално осигурување склучен со Кралството Данска. 

Иницирање постапка за ратификација на билатерален договор за социјално осигурување склучен со Кралството Данска. 


Со цел проширување на опфатот на земји на престој на дијаспората со билатерални договори за социјално осигурување, предвидено во акцискиот план за спроведување на Националната стратегија за соработка со дијаспората, од страна на Министерството за труд и социјална политика, побарано е да се иницира постапката за ратификација на билатералниот договор за социјално осигурување склучен со Кралството Данска. Имено Договорот за социјално осигурување меѓу Република Северна Македонија и Кралството Данска е ратификуван од страна на Република Северна Македонија на 20-ти март 2000 година и објавен, но не е влезен во сила бидејќи сеуште не е ратификуван од страна на Кралството Данска.

Macedonian

Pages