Посетата на министерот Џемаил Чупи на Соединетите Американски Држави беше плодна, што им овозможи на здруженијата на иселениците во Њујорк и околината да ги користат просторите на Културно информативниот центар


Работна посета на министерот Џемаил Чупи на Соединетите Американски Држави во март оваа година беше плодна од аспект на отворање на можноста нашите здруженија на дијаспората во Њујорк и околината да ги користат просторите на галеријата на Културното информативен центар за реализација на своите активности.
Во соработка со Министерството за култура на Република Северна Македонија, постигнато е разбирање да им излеземе во пресрет на нашите здруженија во Њујорк и околината за организација и реализација на културно-уметнички активности во галеријата на Културно-информативниот центар во Њујорк во локација на 549 West 52nd Street, 8th Floor (between 10th and 11th Avenue) во Манхаттан - Њујорк.
Министерот Чупи, ги известува сите здруженија на нашата дијаспора во Њујорк и околината дека можат да се обратат до директорот на оваа галерија, г. Горазд Попоски на е-маил адресата gorazdpoposki@gmail.com, со цел овие активности да се вградат во годишната програма.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: