Новости

Средба со Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија

28 Март 2018

Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспора, денес оствари средба со Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија.

Macedonian

Потврдено пријателството помеѓу Република Македонија и Република Малта

13 февруари 2018

За време на посетата на министерот Едмонд Адеми на Република Малта, покрај другите средби на високо ниво, денес на 13 февруари 2018 година, оствари срдба и со министерот за надворешни работи и промоција на трговијата на Република Малта, Кармело Абела.

 

Министерот Адеми ја пренесе благодарноста до својот соговорник за воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји, во декември 2016 година, под уставното име на земјата.

Macedonian

Период на интензивирање на билатералните односи помеѓу двете пријателски земји, Република Македонија и Република Малта

12 февруари 2018

Денеска, на 12 февруари 2018-та година, министерот Едмонд Адеми оствари средба со министерот за образование и вработување на Република Малта, Еварист Бартоло, на којашто беа отворени повеќе прашање за развивање на билатералната соработка во сферата на образованието и рамковно регулирање на правата на македонските граѓани кои привремено претстојуваат и работат во Р. Малта.

За време на разговорите со малтешкиот соговорник, се покренаа повеќе прашања од заемен интерес, и тоа:

Macedonian

Средба на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми со амбасадорот од Република Франција во Република Македонија

5 октомври 2017

Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми задолжен за дијаспората, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија г-н Кристиан Тимони.  

Министерот Адеми истакна дека она што најмногу е битно се младите луѓе, и дека новата генерација на младите од дијаспора со своите професии и знаења во земјите каде што живеат, е важно да ги вклучиме во различни иницијативи овде во Република Македонија.

 

Macedonian

Pages