Референдумот е од клучно историско значење за Република Македонија - Република Словенија со целосна поддршка

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд  Адеми во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, денеска имаа средба со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и со Претседателот на националното собрание (Државни збор) на  Словенија,  Дејан  Жидан. На  овие  средби  се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, натамошниот развој на односите  во повеќето области  од взаемен интерес, интеграциските процеси  на Република Македонија во ЕУ и НАТО како и актуелните политички состојби во Република Македонија, со посебен нагласок за договорот меѓу  Република Македонија и Република Грција и одржувањето на референдумот.
 
Двајцата соговорници дадоа силна поддршка на Република Македонија во процесот на евро-атлантските процеси, констатирајќи дека Република  Словенија  на сите средби со претставниците на Европската унија, ја поддржува Република Македонија во патот кон ЕУ и НАТО.

Министерот Адеми, до двајцата соговорници изрази благодарност за пријателскиот однос на сите институции на Република Словенија, дадени на сите средби на претседателско на премиерско  и ресорно ниво во однос на  содржински прашања коишто Република  Македонија треба да ги оствари до крајот на оваа година. 
Претседателот Пахор и  претседателот Жидан, укажаа на одредени предизвици со кои што  Република Македонија ќе се соочи на патот кон интегративните процеси, со кои претходно и Република Словенија беше соочена. 
Соговорниците се сложија со тоа дека идното  членството на РМ во ЕУ и НАТО, претставува историска придобива, но и голема обврска во наредниот период.
За време на разговорите се отворија повеќе прашања  со коишто РМ ќе се соочи во иднина, но единствено средство за нивна реализација треба да биде широкиот општествен дијалог со сите страни во Република Македонија. 
Воедно, двајцата соговорници побараа и конкретно нивно вклучување, заедно со државните институции од Република Словенија за да помогнат преку пренесувањето на нивното искуство, се со цел да се олесни патот кон ЕУ и НАТО. 

На средбите стана збор и за улогата на дијаспората од Република Македонија во словенечкото општество и нивното позитивно интегрирање како и  можните форми на  вклучување во меѓусебната соработка. 

Разговорот на министерот Адеми со двајцата највисоки претставници  од Република Словенија,  претседателот Пахор  претседателот  Жидан, заврши со еден заеднички заклучок, дека референдумот е од клучно историски значење за РМ во патот кон ЕУ и НАТО и друго повторување нема да има и истиот треба да се поддржи и од опозицијата и позицијата и граѓаните на РМ.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: