Линк за дијаспора

Претставници на кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи, учествуваа на дводневната обука за градење капацитети: „Дознаки во Северна Македонија: компаративна анализа и мерки за подобрување“

На првиот ден од дводневната обука за јакнење на капацитетите назована: "Дознаките во Северна Македонија: Компаративна анализа и мерки за подобрување", организирана од страна на ИОМ (International Organization for Migration) и УНФПА (United Nations Population Fund), каде од Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, учествуваа Сејди Демири, надворешниот советник и Вања Христовска Каил, советник за соработка со меѓународни организации.

Macedonian

Известуваме, Министерството за култура отвора конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година

Почитувана дијаспора!

Ве информирам дека Министерството за култура од понеделник, 17 октомври 2022 година, ќе го отвори електронскиот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година.
Во овие рамки, културните друштва кои работат во дијаспората имаат можност да конкурираат со проекти од областа на културата во соработка со секое активно здружение кое работи и е регистрирано во РСМ.
Конкурсот можете да го најдете електронски на https://uslugi.gov.mk/subcategory/kultura-337 каде се објавени сите услови за конкурсот.

Macedonian

Иселувањето на граѓаните на Република Северна Македонија

Владата на РСМ  се повеќе бара  начини за зајакнување на перспективи за соработка со нашата дијаспората. Германија Италија и Швајцарија се европски држави во кои има најголем број од нив.

Според извештајот на ИОМ за Светска Миграција , РСМ е во топ 20те земји со најголема емиграција. А согласно  податоците на Светската Банка најголем број (60%) на дознаки со странски валути се од Европските земји, односно, Германија  23%, Италија  22%, Швајцарија  11%, Австрија  5%. 

Macedonian

Среда, ден на средби со дијаспората

Почитувана дијаспора, граѓани кои живеете надвор од границите на вашата земја!


Имајќи ја предвид вредноста и важноста што ја имате во татковината, ве известуваме дека Министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи, одлучи денот-среда да биде ден посветен на средби со вас, со цел заеднички да се посветиме на прашањата поврзани со дијаспората.

 

Macedonian

Pages