Министерот Едмонд Адеми: Македонскиот јазик и Никола Мартиноски ги потврдуваат добрите културни и историски односи помеѓу Република Македонија и Романија.

 

На првиот ден од официјалната посета на Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми на Романија, придружуван од Директорот на Агенцијата за Иселеништво Никола Шалварниов, оствари средби со Мариана Венера Попеску, пратеник на Македонската заедница во Романскиот парламент, и со министерот за култура и национален идентите на Романија Валер Даниел Бреаз.

           

Пратникот на Македонската заедница во Романија, г-ѓа Попеску го информираше Министерот Едмонд Адеми за нејзините активности во застапување на интересите на Македонската заедница во Романија, како и за нејзините следни активности во пресрет на Романското претседателство со Советот на ЕУ. 

Министерот Едмонд Адеми и  се заблагодари на пратеничката Попеску  за нејзиниот ангажман и  придонес во донесувањето на законот со кој 8 декември – денот на Св Климент Охридски е прогласен за ден на Македонскиот јазик во Романија, со што дополнително се зајакнуваат односите помеѓу двете традиционално пријателски земји.

          

На средбата со новиот Министер за култура и национален идентитет Валер Даниел Бреаз, министерот Адеми му го честита изборот и му посака успешна работа. Двајцата министри потврдија дека постои огромен простор и потенцијал за кулутрна  соработка помеѓу Македонија и Романија, и дека во периодот што следи културните соработка  ќе се интензивира.

Министерот Едмонд Адеми, на средбата ја реактулизираше иницијативата за поставување на споменик во Букурешт на големиот македонски уметник Никола Мартиноски, кој студирал и дипломирал во Букурешката Академија на Уметности во 1927 година. Двете страни посакуват и се надеват дека овој проект ќе се реализира во текот на 2019 година. 

Министерот Едмонд Адеми, за на крај, меѓудругото на Министерот Даниел Бреас и Романската Влада им посака успешно претседавање со советот на ЕУ почувајќи од 1 јанури 2019 година, и истакна дека се надева дека под нивно претседтелство,  Република Македонија во јуни 2019 ќе започне со преговорите за членство во Европската Унија.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: