Министерот Едмонд Адеми и претседателот на претседателството на турците во странство, Абдулах Ерен, договорија потпишување на Меморандум за соработка во областа на дијаспората.

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска, оствари работна средба  со претседателот на претседателството на турците во странство , г-дин Абдулах Ерен


На средбата, министерот Адеми  изрази задоволство од високото ниво на соработката со Република Турција, и ги потврди традиционалните добри пријателски односи помеѓу двете држави. Ваквите средби и дополнително допринесуваат во одржувањето на интензивна комуникација и подобрување на севкупната соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Министерот Адеми, истакна дека македонските државјани од турско потекло и турските државјани по потекло од Република Македонија уште повеќе ги зајакнуваат пријателските односи на двете земји .Во таа насока, меѓудругото, министерот Адеми укажа на политиките на Владата на Република Македонија во градење на едно општество за сите, во која се посветува посебно значење за обезбедување правична застапеност на турската како и на другите етнички заедници на сите полиња.

Министерот Адеми, информираше дека Република Македонија го прославува 21 декември, Денот на турски јазик во РМ,  со што го потврдува  меѓусебното почитување и разбирање помеѓу двете земји.

Во врска со македонската дијаспора во Турција, министерот Адеми  информираше дека истите се организирани во разни друштва и организации, кои преку разни активности и проекти придонесуваат во зачувување на културата, јазикот и обичаите, во Турција, и во едно се заблагодари на претседателот Ерен и на Владата на Република Турција за поддршката на овие асоцијации и организаци.

Претседателот на турците во странство , г-дин Абдулах Ерен се заблагодари на приемот и пријателскиот пречек од страна на министерот Едмонд Адеми, и во едно ги поздрави и последните превземни активности на Владата на РМ во насока на европските и евроатлантските интеграции на земјата.

Претседателот Ерен, на средбата, кратко информираше за дејоностите и активностите  на Претседателството на турците во странство и сестринските заедници (YTB), потенцирајќи дека работата на истата е основена на неколку   области, меѓу кои клучни активности се зајакнување на одностите и соработката со турската дијаспора, зачувување на турскиот јазик и култура, соработка со сестрински заедници кои имат културна и историска поврзаност со Република Турција  како и прграмата за стипендирање на меѓународни студенти, во моментот истите стипендират студенти од над 150 змеји од светот.

Претседателот Ерен, меѓудругото информираше и за начинот како турската дијаспора  е организирана и функсионира.

Во разговорите беа разменети мислења и заеднички предизвици со кои се соочуваат нашите земји во контект на дијаспората, и во таа насока министерот Адеми и претседателот Ерен се договорија  во наредниот период да се потпише Меморандум за соработка, со кој би се размениле знаења и искуства и ќе се реализираат заеднички проекти во насока на зајкнување на нашите заеднички интереси во делот на дијаспората.

 

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: