Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората
Почитувани,
Ве информираме дека Министерството за надворешни работи на Република Македонија објави Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората , кој финансики е поддржан и од Министерот задолежен за дијаспора во Владата на Република Македонија.
Министерот задолжен за дијаспора, ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од редовите на дијаспората, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивни интерес.
Утврдениот рок за аплицирање трае до 15 март 2019 година, при што предлог - проектите пристигнати по овој датум нема да се разгледуваат.
Проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство и паралелно, на dijaspora@mfa.gov.mk. Доколку апликантот нема можност за скенирање на проектот, истиот се доставува по пошта до надлежното ДКП.
Форматот на проектната пријава, како и Приоритетите во однос на финансирање на проекти на дијаспората, се поставени и можат да се преземат на следниот линк од веб - страната на МНР: