ЕДМОНД АДЕМИ: СО СТРАТЕГИЈАТА ЗА ДИЈАСПОРАТА, ПОСТАВУВАМЕ НОВ КОНЦЕПТ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ДРЖАВАТА И ДИЈАСПОРАТА

Министерот Едмонд Адеми, денеска на прес-конференција во Владата, сопшти дека на вчерашната седница Владата на Република Северна Македонија, ја усвои Националната стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората и Акцискиот план.

 

Министерот задолжен за дијаспора, Адеми истакна дека, од независноста до денес, ова е прв ваков документ усвоен од стана на една влада кој воспоставува институционална соработка помеѓу државата и дијаспората.

,,Овие документи претставуваат основа на институционалното поврзување на државата и дијаспората, наспроти партизацијата и поделбите во дијаспората, поттикнувани во минатото, со учеството на организациите на дијаспората, и на угледните поединци од дијаспората, можеме да го кренеме процесот на соработка помеѓу државата и дијаспората на едно повисоко ниво, за взаемна придобивка за дијаспората и за Република Северна Македонија,, нагласи Адеми.

Министерот Адеми, информираше за процесот на изработка на Стратегијата, потенцирајќи дека беше инклузивен каде вклуени беа пртеставници од организациите на дијаспората, претставници на невладини органиации, експерти од различни области како и експерти  од меѓународната организација за миграции (ИОМ), и во едно кратко ги образложи четрите столба на која се базира стратегијата, и тоа: Политичко-правни и конзуларни прашања, Дијаспората и економскиот развој, Образование, наука и млади и Културни врски, културен идентитет и културно наследство

Министерот Адеми, дополнително потенцираше дека дијаспората е дел од оваа држава и истата така и ќе се тертира. Со усвојувањењто на националната стратегија за соработка се промовира нов концепт на соработка  кој е дијаметрално спротивен на она што беше пракса досега и заеднички ќе ни помогне да чекориме напред во изградба на европска држава.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: