Едмонд Адеми: Прогресивна и интегрирана Европа заедничка цел. Средба со пратеници во Француското Национално Собрание.

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, на 26.03.2019 , оствари работна средба со Претседателот на Групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција, Бертран Сор и пратеничката Лилиан Танги која е и член на Комисијата за надворешни работи при Националното Собрание. На средбата присуствуваше и амбасадорката на Република Северна Македонија во Франција, г-ѓа Јадранка Чаушевска и директорот на агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов.

Во фокусот на разговорите беа  можностите за унапредувањето на положбата  на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Франција како и за актуелните политички цели на влада на Република Северна Македонија и Франција. Посебен акцент беше ставен на ЕУ и НАТО интеграција на нашата држава и важноста на поддршката на Франција во овој процес.

 

Во тој контекст, министерот  ги запозна соговорниците со последните постигнувања на Владата на Република Северна Македонија во насока на  изградба на праведно и инклузивно општество, засновано врз владеењето на правото и демократските вредности. Посебно се осврна на надворешно политичките приоритети, споделувајќи ја нашата посветеност и решителност за постигнување на решавачки исчекор во процесот на НАТО и ЕУ интеграција, преку финализирање и затворање на процесот за спроведување на Конечната спогодба со Грција.

 

Министерот Адеми притоа ги потврди добрите билатерлани односи со Франација и упати благодарност за досегашната поддршка и изрази очекување дека истата ќе продолжи во насока на донесување одлука во јуни за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.

Воедно Министерот посебно се заблагодари за досегашните заложби на пратениците од Групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција за нивната континуирана и активна поддршка во насока на унапредување на меѓусебните билатерални односи и европската интеграција на земјата.

Од страна на соговорниците, беше реафирмирана нивната подготвеност да ги афирмираат активностите во насока на збогатување на  добрите односи помеѓу двете држави и воедно, беше поздравен досегашниот напредок на РСМ. Во насока на европските интеграции, ја истакнаа поддршката на француската влада и изразија уверување дека ќе продолжи позитивниот реформски тренд и имплементацијата на донесените реформи.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: