РАБОТНА ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ ЗАДОЛЖЕН ЗА ДИЈАСПОРА, ЕДМОНД АДЕМИ НА ИТАЛИЈА И ВАТИКАН, 06-09 АПРИЛ 2019 ГОДИНА
Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, од 06 до 09 април 2019 година ќе реализира работна посета на Република Италија и Ватикан.
Министерот Едмонд Адеми на 6 април ќе учествува на церемонијата на одбележување на десет годишнината од катастрофалниот земјотрес во градот Акиле во Италија, каде животот го загубија 309 луѓе, меѓу кои и пет државјани на Република Северна Македонија. Во Акиле министерот Адеми ќе реализира средба со претседателот на Регионот Абруцо и градоначалникот на општина Поџио Пиценче.
Во Акиле министерот ќе реализира средби со претставници на нашата дијаспора која живее во тој регион, додека на 07 април предвидени се средби со нашата дијсапора која живее во Рим и околина.
На 08 април министерот Адеми ќе оствари работна посета на Ватикан, при што ќе реализира средба со Секретарот за односи со државите во Ватикан, монс. Паул Ричард Галлагхер.
Министерот Адеми ќе ја заокружи работна посета во Италија на 09 април, со низа билатерални средби во Италијанскиот парламент и во Министерството за надворешни работи на Италија.
Во Италијанскиот парламент ќе оствари средба со Претседателката на комисијата за надворешни работи, Марта Гранде, додека во Италијанското МНР средби со Заменик-Минситерката Емануела Дел Ре, државниот потсекретар Рикардо Антонио Мерло, и директорот на Генералниот директорат за италијански граѓани во странство и политиките за миграција, Луиџи Мариа Вигнали.