Италија, 10 години од земјотресот во Абруцо: Министерот Едмонд Адеми се сеќава на жртвите од Република Северна Македонија

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми престојува на работна посета на Италија, во рамките на која денеска во Абруцо- Поџио Пиценче учествуваше на церемонијата за одбележување на десет годишнинаната од земјотресот во Акиле.

Церемонијата беше отворена со поздравен говор од страна на градоначалникот на општина Поџио Пиценче, Антонело Гиалорето и министерот Адеми.

Министерот Адеми, во својот поздравен говор се осврна на солидарноста , духот на добрата волја и хуманата желба за помагање која произлезе од катастрофалниот  земјотрес во регионот на Абруцо,Акиле во кој животот го загубија 309 луѓе, од различни делови од светот меѓу кои и пет државјани на Република Северна Македонија.

,,Сликите и спомените за обележување на катастрофи ни даваат моќна и јасна порака, дека само заедно можеме да се справиме со сите предизвици, без разлика дали се природни или општествени’’  истакна Адеми

Во склоп на церемонијата од одбележувањето на десет годишнинаната од земјотресот во Акиле беше инагуриран и споменикот со имињата на настрадените во земјотресот и беше промовирана книга за истиот повод.

Министерот Адеми, меѓу другото во рамките на неговата посета на регинот Абруцо, реализираше средба со заменик претседателот на регионот Абрузо, Емануеле Импруденте, градоначалникот на општина Поџио Пиценче, Антонело Гиаллорето  како и низа средби со претставници на нашата дијаспора која живее во тој регион.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: