ЕДМОНД АДЕМИ ВО ВАТИКАН СЕ СРЕТНА СО МОНСИЊОР ПОЛ РИЧАРД ГАЛАГЕР

 

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, кој престојува на работна посета на Италија и Ватикан, денеска се сретна со секретарот за односи со државите при Света Столица,  монсињор Пол Ричард Галагер

На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу Република Северна Македонија и Света Столица, кои се базираат врз значајни историски врски, заеднички споделени духови и културни вредности и традиции и беше истакната прокативната улога на Република Северна Македонија во промовирање на меѓурелигискиот дијалог и почитување на верските слободи.

Министерот Адеми го информираше соговорникот за приоритетите и целите на Владата, преспективите на европските и евро-атланските интеграции, како и заразвивањето на изразени пријателски врски со соседите.

Адеми, меѓудругото потенцираше дека престојната посета на апостолкото патување на Папата Франциск во Република Северна Македонија на 7 мај 2019, е историска  за Република Северна Македонија и истата испраќа илна порака за мир, солидарност и дијалог меѓу луѓето и народите.

За време на средбата беа разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред се во сферата на културата, заштита на културно-историското наследство, образование и здраство.

 

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: