Активна дипломатија ги унапредува правата на малцинствата
Се унапредуваат правата на Хрватите во Република Северна Македонија и правата на Македонците во Република Хрватска. Сето ова како резултат на честите меѓувладини состаноци. Ова е заклучокот од средбата на 4-та заедничка Меѓувладина Мешовита Комисија за спроведување на Договорот за заштита на македонското малцинство во Хрватска и хрватското малцинство во Северна Македонија, што се оддржа денеска во Загреб, Хрватска.
Делегацијата на Република Северна Македонија беше предводена од министерот за Дијаспора, Едмонд Адеми. Адеми ги пофали напорите на Хрватска за подршка на проектите на македонското малцинство.
"Ние чекориме напред во областа на правата на малцинствата. Ние сме во постојана комуникација со Хрватите во Северна Македонија. Има уште да се работи во овој правец. Денешните препораки ќе придонесат повеќе да напредуваме", рече министерот Едмонд Адеми.
Делегацијата на хрватската влада ја предводи Звонко Милас- државен секретар на Централната канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска. Милас ги издвои континуираните напори на владата на Република Северна Македонија во областа на правата на малцинствата, со акцент Хрватите, охрабрувајќи ги да се продолжи понатаму и во иднина.
"Препораките од претходните средби резултираа со позитивни чекори. Честите средби покажуваат интерес од страна на македонската влада процесот да оди напред", истакна Милас.
Состаноците на ММК излегуваат од Договорот на двете држави, потпишана во 2007 година, Сплит.
5-от состанок ќе се оддржува во Скопје, во 2020 година.