БИОГРАФИЈА
Џемаил Чупи роден е на 31.12.1980 во Дебар.
Министерот Чупи е доктор на науки по политички студии и магистер на дипломатија на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, со повеќедецениско искуство во академската област и во јавниот сектор каде кариерата ја почнува во Агенцијата за вработување во Дебар, каде работи од 2005 до 2012 година.
Од 2013-2016 година работи како советник за меѓуверски односи во Исламската верска заедница на Северна Македонија - во дебарската канцеларија.
Во меѓувреме, посетувал повеќе стручни обуки, а од 2017 година е предавач на колеџот УБТ во Приштина-Косово, на Факултетот за политички науки и во магистерската програма на Факултетот за јавна политика и менаџмент.
Учесник е во повеќе проекти, обуки работилници меѓу кои: Програмата за обука на јавна администрација, „Ранливи групи-карактеристики, пристапи и правна рамка“, Антидискриминаторски практики при работа со членови на ромската заедница и на повеќе меѓународни конференции каде презентирал истражувачки трудови на повеќе теми: од областа на иновациите, владеењето на правото и граѓанското општество, политичкиот плурализам и пост-комунизам, креирање политики и секуларизам во Северна Македонија, континуитет и промена: Балкан во европски и глобален контекст, Миграција, мобилност и КОВИД-19 и други.
Поседува вештини за презентација на детални и интензивни податоци на луѓе од различни потекла и националности, за изготвување на точни и навремени извештаи, како и вештини за управување со времето и решавање на бројни задачи пред крајните рокови.
Во слободното време хоби и интереси му се гледање новости и документарци за тековните и најновите случувања на меѓународниот пазар.
Слободното време го поминува во патувања, со семејството и пријателите и ужива во читање книги од областа на историјата и цивилизациите.
Зборува албански (мајчин јазик), македонски и англиски.
Чупи е оженет и татко на 3 деца