ОБРАЗОВАНИЕ, НАУКА И МЛАДИ
• Проширување на соработката со дијаспората во областа на образованието, науката и младите.
Познавањето на промените и постоечките карактеристики на дијаспората, особено во делот на миграцискиот контингент, подразбира потреба од проширување на соработката со дијаспората во областа на образованието, науката и младите. Приоритетни области за дејствување во областа на образованието се проширување и унапредување на можностите за: изучување на мајчиниот јазик на децата во дијаспората; вклучување на децата и младите од дијаспората во основното, средното и високото образование воСевернаМакедонија, зголемување на мобилноста на учениците и студентите; воспоставувањесоработкасонаучнатадијаспора и вмрежување со научниот кадар воземјава, во поглед на нејзино вклучување вовисокото образование и при реализација на научно-истражувачки проекти, зголемена комуникација и соработка на младите од дијаспората и Северна Македонија, како претпоставка за зачувување нивниот културен и државен идентитет.