Министерот Џемаил Чупи ја прими на работна посета амбасадорката на Република Германија

Денеска, Mинистерот без ресор - задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, во официјална посета ја примив Амбасадорката на Република Германија во Република Северна Македонија, нејзината екселенција г.ѓа Анке Холштајн.
Заедно разговара за прашањата кои ја засегаат дијаспората, со посебен акцент на оние кои живеат и работат во Република Германија, за миграцијата на младите, одливот на мозоците, помошта што можеме да ја пружиме преку нашите амбасади и создавање на предуслови за инвестирање во татковината.

Пред нејзината Eкселенција презентира некои сегменти од Националната стратегија за дијаспората, особено иницијативата за формирање Собраниска група за соработка со дијаспората, во која ќе бидат вклучени пратеници и од власта и од опозицијата.

На крајот, министерот изразив подготвеност за соработка со Амбасадата на Република Германија и нејзините партнери во спроведувањето на канцеларијата за дијаспората на локално ниво.
 

Macedonian