Средба на министерот Џемаил Чупи со амбасадорот на Италија Андреа Силвестри: Унификација на дијаспората во Италија

Денеска во официјална посета министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, прими неговата екселенција, Aмбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, г. Андреа Силвестри.

Министерот го информира Амбасадорот за стратегијата, проектите и предизвиците на работата на кабинетот на дијаспората во овој мандат, при што акцентот беше ставен на обединување на здруженијата на дијаспората кои дејствуваат во Република Италија со што ќе се надминат сите етнички, верски и културни предрасуди, фокусирајќи се на можностите што ги нуди матичната земја за реализација на заедничките проекти.

Неговата Екселенција потенцира дека дијаспората која доаѓа од Република Северна Македонија, индивидуално и организирано преку активни здруженија, е интегрирана и успешна во Република Италија.
 

Macedonian