Министерот Чупи пред градоначалникот на Дебар Дука ги откри проектите на неговиот кабинет во однос на дијаспората

Националната стратегија за дијаспората предвидува соработка со локалната самоуправа, затоа денеска Министерот без ресор - задолжен за дијаспора, одржи работна средба во општина Дебар, каде што беше примен од нејзиниот градоначалник г. Хекуран Дука. Дебарската дијаспора, со посебен акцент на Америка и Европа, поради големиот број иселеници заслужува максимална посветеност. За да се постигне тоа бара многу работа и посветеност од сите страни, без разлика на политичките убедувања и ставови. 


Министерот Чупи на Градоначалникот му ги презентира проектите на неговиот кабинет во однос на дијаспората и за среќа постигнавме разбирање за создавање работни групи до финализирање на заедничките проекти. Меѓу нив:
1. Отворање на канцеларија за соработка со дијаспората наречена „Центар на дијаспора“. Оваа канцеларија ќе има одредени обврски, но најважните се овие:
A. „One Stop Shop“, односно информирање на дијаспората за нивните права во татковината и нивната можност за инвестирање.
Б. „Асистенција за дијаспората“, односно можност за побрзи и поефикасни услуги за административни работи во општинската администрација како и во јавните институции.
2. Објавување и одбележување на „Денот на дијаспората“ во годишниот календар на Општината, каде ќе се одржуваат разни културно-спортски и уметнички локални манифестации и активности.
Средби од сличен карактер планирам да одржувам и со други општини во Република Северна Македонија
 

Macedonian