Работна средба на министерот Џемаил Чупи со Амир Билали - Заменик директор на Агенцијата за млади и спорт

Денес, Министерот без ресор – задолжен за диаспора, се сретна со заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт г. Амир Билали. Нему му честити на неговата голема волја за унапредување на проектите за младината. Заедно разговаравме за заеднички проекти за млади и спорт, со акцент на нашата дијаспора.

Имаме четири суштински проекти кои ќе ги зајакнат активно нашите млади во дијаспората, меѓу нив:
• Зголемување на мобилноста и соработката на младите овде и оние што живеат во дијаспора;
• Во соработка со граѓанскиот сектор, воспоставување програма за летна пракса и волонтерство за младите од дијаспората;
• Креирање на програми за неформално образование на младите во дијаспората преку обуки, конференции и сл.; и последно, но не и најмалку важно,
• Формирање на „Младински клуб на дијаспора“, вклучувањето на овој клуб како советодавно тело во институциите на Агенцијата за млади и спорт и заеднички активности меѓу нив и младинските организации во нашата земја.
 

Macedonian