Министерот Чупи на средба го прими амбасадорот на ЕУ во Скопје

Во текот на разговорот, министерот Чупи му се заблагодари на амбасадорот Гир за поддршката која ЕУ го дава за евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Воедно, тој ја информираше неговата Екселенција за визијата, мисијата и проектите на дијаспората што планира да ги реализира во својот мандат, ставајќи го акцентот токму на земјите од ЕУ каде што се забележува голем прилив на млади иселеници.

Амбасадорот, пак, ја потврди континуираната поддршка на Европската унија за Северна Македонија во полето на демократските реформи, економскиот развој, владеењето на правото, по што го охрабри министерот да ја спроведе националната стратегија за дијаспората.
 

Macedonian